Временска прогноза- сончево

Времето ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови променливо со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен на моменти засилен ветер од југозападен и западен правец. Утринската температура ќе се спушти помеѓу шест и 13, а дневната ќе биде од 19 до 28 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито. Минималната температура ќе се движи околу 10, а максималната до 24 степени.