Расмусен: вратата на НАТО останува отворена

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Букурешт

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска во Букурешт изјави дека вратата на НАТО и натаму останува отворена за земјите од Западен Балкан и од подрачјето на Црно Море. „Сите кои сакаат да влезат во Алијансата треба да ги продолжат реформите“, изјави Расмусен кој престојува во официјална посета на Романија.