Оштетен Музејот на албанската азбука во Битола

„Владата на Македонија најостро го осудува вандалскиот чин и оштетувањето на Музејот на албанската азбука во Битола“, вели во писмената изјава за медиумите владиниот портпарол Мухамет Хоџа во која наведува дека институциите ќе ги преземат сите неопходни мерки за расветлување на случајот, наоѓањето на сторителите и нивното изнесување пред лицето на правдата. Во соопштението се додава дека владата ќе ги преземе сите неопходни мерки за поправање во најкраток временски рок на предизвиканите штети и на објектот. Претходно и министертвото за култура најостро го осуди оштетувањето на Музејот. Полицијата соопшти дека непознат сторител синоќа искршил повеќе стакла во Музејот.