Србија и Русија потпишаа договор за стратегиско партнерство

Сочи

Србија и благодари на Русија за подршката на Косово. Ова денеска го изјави српскиот Претседател Томислав Николиќ кој во Сочи потпиша договор за стратегиско партнерство со рускиот претседател Владимир Путин.
Договорот, според српските медиуми треба да ги зацврсти билатералните односи во повеќе области како што се бизнисот, трговијата и инфраструктурните проекти. Тој, исто така, подразбира поблиска политичка соработка, особено за прашањето на Косово.
Вчера беше потпишан рамковен договор за модернизација на српската железница со руски кредит во вредност од 800 милони долари, што ќе биде искористен за достава на дизел локомотиви и изградба на локалната железничка инфраструктура во следните пет години.