Силен земјотрес на рускиот далечен исток

Силен земјотрес од 8,2 степени според рихтеровата скала, со епицентар во Охотско Море на рускиот далечен исток, се почуствувал во речиси целата земја. Руските власти објавија опасност и од цунами на Сахалин и и на Курилските острови, но го повлекоа само десет минути потоа.
На жителите им беше упатена препорака да ја напуштат потенцијално загрозената област.
Главниот град Камчатка е база на нуклеарни подморници, а најголемиот руски проект за природен гас е на Сахалин.