Земјотрес ја погоди северна Калифорнија

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Калифорнија. Американските власти соопштија дека епицентарот на земјотресот бил лоциран на десет километри од градот Гринвил. Засега нема информации за жртви или штети. Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почуствуван на оддалеченост од 250 километри, во градот Сакраменто. Имало осум последователни потреси со јачина од 2,6 до 3,5 степени.