Продолжуваат немирите во Стокхолм

Веќе петта вечер продолжија безредијата во неколку предградија на шведскиот главен град Стокхолм. Според извештаите демонстрантите запалиле девет автомобили и училиште кое било брзо изгаснато. Опожарена била и една полициска станица. Најмалку осум лица биле уапсени. Нема извештаи за повредени. Немирите постепено се шират низ Стокхолм. Насилството беше поттикнато откако полицијата застрела еден постар човек кој се заклучил во стан со нож. Според социолозит виновна причина за немирите е и високата стапка на невработеност и изолација меѓу младите имигранти. Некои експерти, исто така, го обвинуваат сегашен проблеми на поголем јаз меѓу богатите и сиромашните во оваа нордиска земја.