Седумаесет повредени во силна бура во Романија

Во силната бура што го зафати јужниот дел на Романија повредени се најмалку 17 лица. Околу 45 населени места во јужните окрузи Илфов и Ѓургево останале без електрична енергија. Националната метеоролошка служба објави предупредување „портокалов код“ за округот Илфов и градот Букурешт.
Голем дел од луѓето се повредени при уривање на шатор во кој бил организиран пазар за облека. Паднатите дрвја оштетиле неколку автомобили во романскиот главен град и предизвикале прекин во напојувањето со гас во дел од градот.