Србија и Русија - договор за стратегиско партнерство

Србија и Русија денеска ќе потпишат договор за стратегиско партнерство во Сочи. Договорот ќе го потпишат двајцата претседатели Владимир Путин и Томислав Николиќ.
Договорот, според српските медиуми, треба да ги зацврсти билатералните односи во повеќе области како што се бизнисот, трговијата и инфраструктурните проекти.
Тој, исто така, подразбира поблиска политичка соработка, особено за прашањето на Косово.
Вчера беше потпишан рамковен договор за модернизација на српската железница со руски кредит во вредност од 800 милони долари, што ќе биде искористен за достава на дизел локомотиви и изградба на локалната железничка инфраструктура во следните пет години.