Нови судири во Кавказ, убиени тројца милитанти

Тројца осомничени исламски милитанти биле убиени во регионот на Северен Кавказ. Интерфакс соопшти дека полицијата убила двајца од милитантите откако тие фрлиле граната во група офицери. Третиот починал во друга престрелка. Двата инциденти се случиле во Дагестан, кој стана епицентар на насилството на милитантите кои сакаат да основаат исламска држава во Северен Кавказ. Групите за човекови права велат дека насилството во претежно муслиманскиот Северен Кавказ е комбинација на религијата и гневот кон корупцијата што ја спроведуваат локалните лидери.