Напaѓачите на британскиот војник претходно биле под истрага

Цвеќиња за убиениот војник во Лондон

Британската полиција соопшти дека двајцата осомничени за убиството на британски војник во Лондон биле претходно под истрага на безбедносните служби. Според нив, нападот се третира како можен акт на тероризам. Медиумите јавија дека едниот или двајцата осомничени биле британски државјани со потекло од Нигерија. Тие беа застрелани и повредени пред апсењето. Полицијата извршила претрес во неколку домови во врска со случајот. Војникот при нападот беше избоден до смрт при што двајцата напаѓачи извикувале исламистички пароли.