Рускиот суд одби да помилува членка на Пуси Рајот

Марија Аљохина

Рускиот суд одби предвремено да ја ослободи членката на групата Пуси Рајот Марија Аљохина која отслужува двегодишна затворска казна. Судот одлуката ја донесе без нејзиното присуство, бидејќи таа одби да учествува на сослушувањето преку видео линк од затворот.
Таа најави дека започнува штрајк со глад и одби да дозволи нејзините адвокати да присуствуваат на сослушувањето. Аљохина заедно со уште една членка на групата беше осудена за хулиганизам.