Груевски-да се интензивира економската соработка со Казахстан

Македонскиот премиер Никола Груевски

Македонија и Казахстан немаат отворени прашања, имаат добри политички односи, кои треба да ги следи поинтензивна економска соработка. Ова го констатираа на денешната билатерална средба во Астана македонскиот премиер Никола Груевски и премиерот на Казахстан, Серик Ахметов. Груевски за време на посетата учествуваше и на глобалниот Економски форум „Астана 2013“ . Во неговото обраќање тој порача дека Македонија успеала да изгради цврст систем на фискални, монетарни и финансиски политики, кои овозможиле значителен простор за маневар за соочување со негативните прелевања од глобалната криза.
Целта на посетата, според него, била да се сретне со властите на Казахстан за да ги зацврсти односите со земјата и да ја презентира Македонија како можна бизнис дестинација.