Сириската опозиција на средба во Истанбул

Сириската опозиција се состана денеска во Истанбул за да ги разгледа можностите за преговори со режимот на претседателот Башар ал Асад со цел да се стави крај на двегодишниот конфликт. САД и Русија предложија да организираат мировна конференција меѓу сириската опозиција и власт.
Вчера групата „Пријателите на Сирија“ која ја поддржува опозицијата имаше средба во Јордан на која присуствуваа и американскиот државен секретар Џон Кери и британскиот министер за надворешни работи Вилјам Хејг.