Телевизијата Алфа ја доби националната концесија

Телевизијата Алфа доби дозвола за вршење радиодифузна дејност на национално ниво, соопшти Советот за радиодифузија. Алфа ја доби концесијата која до пред две години ја имаше А1 Телевизија. За концесијата конкурирал и Канал 77 од Штип. Но, на Канал 77 му било укажано да го усогласи работењето, бидејќи била констатирана недозволена медиумска концентрација.
Според Советот за радидофизија од 1 јуни кога во сила стапува дигиталниот пренос на телевизиската програма, 31 телевизија сигналот ќе го пренесува преку операторот „ОНЕ“, а останатите 30 преку кабелските.