ЕП ја усвои резолуцијата за Македонија

Европскиот парламент со големо мнозинство ја усвои Резолуцијата за напредокот на Македонија во минатата година. За резолуцијата предложена од Ричард Ховит, гласаа 505 европратеници, 61 беа против и 31 воздржани. ЕП со резолуцијата повторно побара од Советот на Европската унија почеток на преговорите со Македонија во јуни годинава.
При гласањето беа усвоени дел од амандманите поднесени од Јелко Кацин и Норица Николаи. Отпаднал амандманот на Корнелисен за грчкиот предлог за името како основа за преговори и тој на Чарлс Танок, кој барал да не се именуваат посебно „граѓаните со бугарски идентитет“ во делот од Резолуцијата каде се охрабрува преземањето мерки за надминување на поделбите по етничка и национална основа.