Кери со притисок врз Израел и Палестина за преговори

Американскиот државен секретар Џон Кери и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Американскиот државен секретар Џон Кери е во посета на Ерусалим за да изврши притисок за продолжување на мировните преговори меѓу Израел и Палестина. Кери се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при што ја поздрави сериозноста на земјата за унапредување на мировниот процес. Тој изрази надеж дека напорите ќе помогнат за воспоставување мир во регионот и покрај скептицизмот и разочараноста во минатите години.
Кери не најави некоја конкретна стратегија како двете страни повторно да седнат на преговарачката маса. Тој денеска ќе се сретне и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.