Скоро 600 илјади деца во Грција живеат во сиромаштија

Во Грција скоро 600 илјади деца живеат под прагот на сиромаштија што е последица од тешката економска криза, се наведува во извештај на УНИЦЕФ. Ситуацијата, според претставникот на оваа организација на Обединетите нации за децата во Грција Ламброс Канелопулос, била многу вознемирувачка. Според податоците на УНИЦЕФ, од вкупниот број деца што живеат во сиромаштија, дури 322 илјади не можат да ги задоволот основните прехранбени потреби.