Осуден турски писател поради навреда на пророкот Мухамед

про исламски демонстрации во Анкара - архива

Судот во Истанбул го осуди турскиот писател и блогер со јеменско потекло Севан Нисањан на повеќе од една година затвор поради навредување на пророкот Мухамед.Нисањан, кој има напишано неколку книги и има свој блог за „историја, религија и (малку) политика“ по изрекувањето на пресудата го објави линкот до навредливиот блог на Твитер.
Тој е осуден на една година и 45 дена затвор поради минатогодишниот блог „Треба да се бориме против говорот на омраза“.