САД подготвени да ја зголемат поддршката за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска ако сирискиот претседател Башар ал Асад не е подготвен да помогне за политичко решение со кое ќе се стави крај на граѓанската војна тогаш Вашингтон и неговите сојузници ќе ја разгледаат можноста за зголемување на помошта за опозицијата.
Според него, последните воени придобивки на сирискиот режим се привремени. Кери порача дека борците на либиската група Хезболах учествуваат во конфликтот во Сирија со поддршка од Иран.