Уставен суд-исклучените потрошувачи ќе плаќаат парно

Уставен суд

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за иницијативата поднесено од ЛДП и тројца граѓани за оценување на уставноста и законитоста на Правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергија во 2012. Според тоа, потрошувач кој побарал да се исклучи од парно ќе има обврска да плаќа надомест за ангажирана моќност. Судот донел таква одлука бидејќи вертикалните системи на топлификациската мрежа во колективните згради поминува и низ станбен простор на потрошувач кој се исклучил за да се достави до потрошувач кој е приклучен.