Тачи-на добар пат сме за постигнување договор

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека во денешните разговори за примена на бриселскиот договор е остварен напредок. Тој порача дека на добар пат се кон постигнување договор и дека ги разгледуваат последните заклучоци на планот за негова примена.
Тачи изрази надеж дека српската делегација „ќе ги отстрани дилемите“. Разговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон ќе продолжат попладне.