Американските медиуми јавија дека еден маж бил застрелан од агенти на ФБИ за време на рација во комплекс на апартмани во Орландо, Флорида. Локалните медиуми јавија дека жртвата бил 26 годишниот Ибрагим Тодашев, кој можеби бил поврзан со осомничениот за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон Тамерлан Царнаев.