Хејг-Хезболах со зголемена поддршка за режимот во Сирија

Британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг

Британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг изјави денеска дека милитантната шиитска група Хезболах му дава засилена поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад. Хејг говорејќи на прес конференција во јорданскиот главен град Аман порача дека Британија ќе ги потикне меѓународните сили да го одредат датумот за одржување на конференција со цел да се пронајде решение за конфликтот во Сирија. Хејг во Јордан ќе се сретне со групата „Пријатели на Сирија“ кои се против режимот на Асад.