Резолуцијата за Македонија на дневен ред во Европскиот Парламент

Европскиот парламент денеска ќе ја разгледа Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2012 година, која треба да ја усвои утре.
Предложениот текст од страна на известувачот, британскиот европратеник Ричард Ховит е резултат на широкиот компромис постигнат во рамките на Комисијата за надворешни работи на 8 април 2013 година. Членовите на Комисијата со 39 гласа за и 13 против од вкупно 203 предложени амандмани, усвоија 20 компромисни и 50-тина други амандмани.
Во резолуцијата за која треба се изјасни ЕП се повикува ирското претседателство со Советот на ЕУ да спроведе интензивна дипломатија за да се постигне задоволувачки исход и одлука за почеток на преговори со Република Македонија пред крајот на јуни 2013 година што ќе дозволи почеток на преговорите пред јули.