Ослободени 5 - те срби во Либија

Архивска фотографија: Срби евакуирани од Либија пристигнуваат дома на 23 февруари 2011 година.

Петмина српски државјани што беа држени 21 месеци во заробеништво во Либија вчера се вратија дома.
Вицепремиерот Александар Вучиќ изјави дека луѓето се вратиле во Србија по неколкумесечни тешки преговори.
Петтемина, кои велат дека работеле на изградба на патишта во Либија, беа заробени од бунтовниците за време на бунтот во кој беше соборен либискиот лидер Моамер Гадафи.
Беа обвинети дека се платеници што се бореле на страната на режимот на Гадафи.