Висок севернокорејски функционер во посета на Кина

Северна Кореја соопшти дека Чое Рионг Хае, специјалниот пратеник на лидерот Ким Џонг Ун, отпатувал во Кина, но не дава дополнителни детали. Чое е висок воен и политички функционер задолжен за супервизија на 1,2-милионската севернокорејска армија. Кина е единствен голем сојузник на Северна Кореја. Вашингтон му врши притисок на Пекинг да изврши притисок врз Пјонгјанг за прекинување на нуклеарната програма. Ким Јонг Ун сè уште не го посетил Пекинг откако ја презеде функцијата по смртта на неговиот татко Ким Џонг Ил во декември 2011 година.