Израел со закана до Сирија

Голанската Висорамнина

Израелската војска упати закана до сирискиот претседател Башар ал Асад дека ќе ги сноси последиците од нападот на израелските погранични сили. Сириската војска претходно соопшти дека уништила едно израелско возило во Голанската Висорамнина. Според нив возилото преминало на сириската територија, но Израел ги негира тврдењата. Возилото било малку оштетено и никој не бил повреден во нападот.