Ердоган-само логистичка поддршка за Сирија, не и интервенција

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека неговата земја и нуди само логистичка поддршка на сириската опозиција и тоа не треба да се толкува како надворешна интервенција. Говорејќи по посетата на САД, каде меѓу темите на разговор била и ситуацијата во Сирија тој порача дела и во иднина ќе продолжат да и нудат помош на земјата. Според него, не е правилно светот да остане само набљудувач на случувањата во Сирија.