Намалена бројката на жртви од торнадото во САД

Урната куќа по торнадото во Мур

Американските власти ја намалија бројката на жртви од торнадото што со брзина преку 320 километри на час го погоди предградието Мур во Оклахома. Според последните извештаи, 24 тела, а не 51, како што беше претходно јавено биле пронајдени. Голем број на лица биле повредени или и се водат за исчезнати. Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во регионот и одобри финансиска помош за жртвите.