Бомбашки напад во Авганистан, загинале 7 полицајци

Авганистанските власти соопштија дека во експлозија на автомобил бомба поставена покрај пат загинале седум полицајци во покраината Херат. Полицајците биле дел од единицата која ја обезбедува сигурноста на меѓународните конвои, хуманитарни организации и странски компании. Тие работеле како чувари на хидроелектраната Салма, која е изградена од страна на Индија. Се уште никој не презема одговорност за нападот.