Киргистан нема да им биде транзит центар на САД

Американски војници на аеродромот во Манас

Киргистанските власти соопштија дека донеле одлука да се откажат од договорот со САД аеродромот во близина на Бишкек да биде користен како транзит центар од јули во 2014 година. Според нив, одлуката набрзо ќе биде доставена до Парламентот. Центарот во меѓународниот аеродром Манас се користи за транзит на војници и опрема во Авганистан.
Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев изјави дека на аеродромот нема да има ниту еден воен објект, откако ќе заврши повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан во 2014 година.