Рикер со критика за политичките лидери во БиХ

Заменик помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер

Заменик помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер изјави денеска во Сараево дека меѓународната заедница не може да ги решава проблемите на БиХ, туку локалните политичари треба да ги исполнат своите обврски за земјата да оди напред. Рикер за време на предавањето пред студентите на американскиот универзитет во БиХ порача дека политичките лидери трошат време за меѓусебно да се обвинуваат поради застојот во кој се наоѓа земјата, наместо да ги засукаат ракавите и да пронајдат решение.