Русија и Азербеџан со истрага за Евровизија

Азербеџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мамадиаров и неговиот руски колега Сергеј Лавров

Русија и Азербеџан соопштија дека ќе ги истражат можните прекршувања на гласањето на Евровизија, според кое Азербеџан на руската изведувачка Дина Гарипова не и даде ниту еден поен. Азербеџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мамадиаров по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва изјави дека мобилните оператори соопштиле дека Гарипова била на второто место по гласови, со што би освоила 10 поени. Гарипова заврши на петото место на фестивалот во шведскиот град Малме.