Иран прифатил комисија за инцидентот во Буенос Аирес од 94-та година

Ирански дипломат изјави дека владата во Техеран го одобрила меморандумот за разбирање со Аргентина за формирање комисија која ќе го истражи бомбардирањето на еврејскиот центар во Буенос Аирес во 1994-та година, кога загинаа 85 луѓе. Според аргентинските истражители, во инцидентот биле вмешани бивши и сегашни ирански функционери, вклучувајки го и актуелниот министер за одбрана на Иран, Ахмад Вахиди. Во договорената комисија, нема да има претставници на Аргентина и на Иран.