Карзаи во посета на Индија

Барањето за поголема воена помош од Индија за Авганистан се очекува да биде на дневниот ред на средбите на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со индискиот државен врв во Њу Делхи. Тој денеска ќе разговара со индискиот премиер Манмохан Синг и со претседателот Пранаб Мухерџи.
Портпаролот на Карзаи изјави дека претседателот има намера да побара секаков вид помош од Индија со цел да се зајакнат авганистанските воени и безбедносни институции.
Посетата доаѓа во време на тензии меѓу Авганистан и индискиот ривал Пакистан, односно на оружени престрелки по должината на меѓусебната граница.