Во МНР не знаат за притворање на Македонец во Кукуш

Од Министерството за надворешни работи велат дека во македонскиот конзулат во Солун од страна на грчките власти не била испратена информација за уапсен или притворен македонски граѓанин. Ова е коментарот по повод информациите во некои локални македонски медиуми дека дваесетгодишен македонски државјанин бил уапсен од страна на полицијата на Кукуш-Грција.
Наводно станува збор за син на македонски политичар против кого била отворена кривична постапка за нелегално поседување на дрога. И од македонското министерство за внатрешни работи велат дека тие не можат да известуваат за активности на грчката полиција.