Србија очекува позитивна одлука за преговорите со ЕУ

српскиот премиер Ивица Дачиќ

„Србија ќе го исполни својот дел од обврските на спогодбата со Приштина, а од Германија очекува позитивна одлука за датум за почеток на перговорите со Европската унија“. Ова денеска во Белград го изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ по разговорите со шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле. „Секое одлагање на одлуката за датумот може да има катастрофални последици врз Србија“, додаде тој, наведувајќи дека генерации срби ќе треба да работат за да го надополнат историското заостанување во однос на другите земји во регионот.