В среда самит на ЕУ за даночната политика

Лидерите на Европската унија на состанокот в среда во Брисел ќе се обидат да ги убедат Австрија и Луксембург да ги укинат ограничувањата во борбата против затајувањето данок, како и банкарските тајни. Токму овие две земји не се согласуваат со заедничкиот план на Унијата за справување со овој проблем. Според некои проценки, Европската унија од затајувањето данок губи над илјада милијарди евра годишно. На самитот исто така ќе се разговара и за прашања поврзани со невработеноста и со енергетскиот сектор.