Серија напади во Багдад и Басра, десетици загинати

Басра, 20.05.2013.

Неколку десетици луѓе загинале во денешните напади во Багдад и Басра, соопштија ирачките безбедносни сили. Најмалку 24 полицајци биле убиени во Басра во судири со вооружени лица. Претходно 16 луѓе загинале, а 75 биле ранети во нападот со автомобил бомба во една шиитска населба во тој град. Во последните неколку недели се зголеми бројот на нападите врз цивилите и полицајците во Ирак.