Американско руски разговори за соработка

Секретарот на Рускиот безбедносен Совет Николај Патрушев

Секретарот на Рускиот безбедносен Совет Николај Патрушев во Вашингтон ќе разговара со Томас Донилон советникот за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама. Тие ќе разговараат за меѓународни безбедносни прашања и за начините за подобрување на билатералната соработка. Од кабинетот на претседателот Владимир Путин било соопштено дека Патрушев би можело да носи писмо од Путин за Обама. Според наводите, станува збор за одговор на писмото што во април Обама му го испратил на Путин.