Кина е за добри односи со Индија

Кинескиот премиер Ли Кечијанг со индискиот колега Манмохан Синг, Њу Делхи

Кинескиот премиер Ли Кечијанг денеска во Њу Делхи вети дека Кина ќе изгради взаемна доверба со Индија и оцени дека добрите односи меѓу овие две земји се клучни за светскиот мир. Ли на кој е во прва посета на Индија откако во март годинава стана кинески премиер ова го изјави по разговорите со индискиот колега Манмохан Синг. Само неколку денови пред оваа посета повторно избувнаа тензии на границата откако Индија ја обвини кинеската армија дека влегла 20 километри во територијата која ја смета за своја во областа на Хималаите.