Јаху го купува Тамблр

Американските медиуми јавуваат дека интернет комапнијата Јаху сака да ја купи популарната блог мрежа Тамблр за 1,1 милијарда долари. Се прецизира дека бордот на Јаху веќе го одобрил договорот и оти тоа денеска треба да биде објавено во Њујорк. Откако на чело на Јаху дојде Мариса Мајр таа се обидува да ја заживее компанијата со поголем пристап до помладите корисници на Интернет. Тамблр е популарна мрежа за блогирање која има голема посетеност и нема реклами, што знае посебно да ги одвраќа младите посетители на блогови.