Пакистан, Убиената политичарка погребанa во Карачи

Убиената политичарка од Имран Кхан партијата беше погребана во Карачи.Стотици нејзини подржувачи,вклучително и активисти од партијата Кхан присуствуваа на погребот на Зохра Хусаин што се одржа вчера во џамија во Карачи. Никој не ја презеде одговорноста за убивањето на Хусаин која беше застрелана пред нејзиниот дом.Партијата Кхан ја обвинува ривалската партија Мутахида Кауми за нејзиното убиство, до кое доаѓа по враќањето на партијата на власт во овој град на изборите на 11 мај. МКМ која е доминантна партија во Карачи ги негира обвинувањата.