Пакистан-гласањето во Карачи без проблеми

Жителите на пакистанскиот град Карачи денеска гласаа во делумното повторување на генералните избори во земјата. Гласањето се одвиваше под големо обезбедување по убиството на една политичарка од партијата на поранешната крикет ѕвезда Имран Кан. Се уште нема проценка на одѕивот на гласачите. Пакистанската полиција соопшти дека вооружена група на мажи ја застрелала Зохра Шахид Хусаин пред нејзиниот дом во Карачи.