Судири меѓу полицијата и исламистите во Тунис

Полицијата на Тунис употребила солзавец и пукала во воздух со цел да ги растера стотиците поддржувачи на исламистичката група Ансар ал Шариа. Околу 500 исламисти кои поставиле барикади на улиците во една сиромашна населба во Тунис фрлале камења кон полицијата, откако протестите во друг град биле забранети.
Туниските власти во петокот и забранија на групата да одржи конгрес и протест во Каироуан, бидејќи не ги почитува институциите, потикнува насилство и претсавува опасност за јавната безбедност.