Таџикистан-уапсен поранешен министер за корупција

Заид Саидов

Таџикистанскиот бизнисмен и поранешен министер за индустрија Заид Саидов која неодамна најави дека ќе формира нова опозициска партија бил уапсен на аеродромот во Душанабе по враќањето од патување во странство. Тој бил уапсен по барање на антикорупциската агенција, според која Саидов е обвинет за тешки кривични дела, како мито, корупција, злоупотреба на функција.
Саидов заедно со уште неколку таџикистански бизнисмени соопшти во април дека ќе формираат Нова таџикистанска партија. Тој порача дека обвинувањата против него се неосновани.