Северна Кореја истрелала ракети со краток дострел

Јужна Кореја соопшти дека нејзиниот северен сосед тестирал три ракети со краток дострел на источниот брег. Според нив, тестирањето претставува закана за регионот и тоа треба веднаш да биде прекинато.
САД и Јужна Кореја беа на зголемена готовност во последните недели поради нуклеарните тестови на Северна Кореја. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази загриженост за ситуацијата со Северна Кореја.