Данска победник на Евровизија

Победничката Емели де Форест

Емели де Форест од Данска е победничката на овогодинешната Евровизија, која се одржа во шведскиот град Малме. 20 годишната пејачка со нејзината песна “Only Teardrops” освои најмногу гласови од гледачите и од жирито. Форест освои 281 поен, а на втората позиција се најде Фарид Мамадов од Азербеџан со 234 поени за песната "Hold Me". Третото место го освои Злата Огневич од Украина, која ја изведе песната "Gravity".