Асад нема да се повлече од функцијата

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјавил за аргентинскиот весник Кларин дека нема да се повлече пред претседателските избори закажани за наредната година. Во интервјуто Асад ги отфрла сугестиите од американскиот државен секретар Џон Кери дека треба да ја напушти функцијата, бидејќи тој не бегал од одговорност. Асад негирал дека неговите сили користеле хемиско оружје против цивилите. Во меѓувреме во експлозија на автомобил бомба во Дамаск загинале најмалку три лица, а пет биле повредени.